Наша должност е да ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно и безрезервно, рече бугарскиот претседател Румен Радев на средба со амбасадорите и постојаните претставници на Бугарија во странство во Софија.

Билатералните односи се развиваат добро и се надминуваат замрзнатите конфликти и конфронтациите од минатото, смета тоj  и уште: „Потпишаниот Договор за добрососедство практично ја отклучи вратата на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ. Бугарија мора да биде и е државата која најмногу ја поддржува Северна Македонија, тоа е наша должност кон нашите браќа таму, но јасно е дека поддршката не е безусловна и безрезервна. Треба да бидеме искрени и јасно да ги ставиме нашите црвени линии“.

Радев рече, дека ако македонската страна се залага за ЕУ мора да гради добрососедски односи: „Има работа во врска со учебниците, книгите, медиумите, издавачите и телевизиите за да се исчисти се она што не оддалечува едни од други. Личните емоции не помагаат за тоа. Потребен е поголем ангажман на институциите“.

Румен Радев соопшти дека претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во септември најверојатно ќе ја посети Бугарија што ќе биде добра можност за дополнително зацврстување на односите и соработката меѓу двете земји.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO