Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев изјави дека просечната плата ќе достигне до 30 000 денари до крајот на 2020 година и тоа ќе биде базирано на реалниот раст на економијата, а не на проекти финансирани од државата:

„Просечната нето плата во државата за мај 2019 година е 25,270 денари и е највисока досега. Ако имаме предвид дека е зголемена за 3,1 отсто во споредба со истиот месец лани и со тенденцијата која веќе ја имаме очекувам до крајот на мандатот на Владата што исекува на крајот на 2020 година да биде постигната просечна плата од 30.000 денари како што и ветивме“.

Анѓушев соопшти, дека Владата има намера да им помогне на компаниите како да ги зголемат платите на своите вработени и со тоа да го реши проблемот на заминувањето на луѓето од државата, бидејќи, според него, токму за тоа е пресудна платата.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO