Србија е држава во која нема ниту слобода ниту демократија, во која се уништуваат моралните вредности, држава, од која луѓето бегаат и каде корупцијата е на највисоко ниво.

Ова го тврди лидерот на опозициската Партија на слободата и правдата (ДПС) Драган Ѓилас во статија во неделникот „Време“

„Србија е земја во која половина од владата имаат лажни дипломи или е вмешана во серија кривични дела, земја во која платите официјално се зголемиле само со 80 евра од јули 2012 година“, пишува Ѓилас.

Тој тврди дека медиумите објавуваат војна со Косово на секои два дена, а односите со Хрватска, Босна и Херцеговина и Северна Македонија се најлошите во последните 20 години.

Немам сомнеж дека Александар Вучиќ ќе ја вовлече Србија во војна, тој е најдобриот ученик на Шешељ, смета Ѓилас.

Според него секојдневниот живот на граѓаните „го проникнува мозокот со лаги за секој кој мисли поинаку,“ но конечно се гледа „кој со приватен авион оди во Франција и кој лудува во Куршевел и кој на Лаго ди Комо ги троши заработените милијарди.“

Ѓилас откри дека уште во 2012 година пред двајца претставници на Демократската партија (ДП) висок функционер на американската администрација предупредил дека Србија оди кон диктатура. Овие предупредувања важат и по шест и пол години

Според Ѓилас тогаш тој побара помош од ЕУ и САД, бидејќи „луѓето во Србија почнуваат да молчат, а земја во која интелектот молчи, нема иднина“. Тој добил одговор дека ЕУ и САД „немаат механизам кој ќе влијае на медиумите“. Опозиционерот споменува исто и за нападите над неговото семејство и навредите, на кои се изложени неговите деца.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO