И покрај купувањето на рускиот ракетен систем С-400, Турција ќе продолжи да игра важна улога во гарантирањето на против-ракетната и против-воздушната одбрана на Северноатлантскиот пакт.

Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на годишниот безбедносен форум во американскиот град Аспен, Колорадо. Според него, „системот С-400 нема како да се интегрира во заедничкиот одбранбен систем на Пактот“. Столтенберг истакна дека ниту еден член на Алијансата не побарал Турција да биде исклучена од НАТО поради купувањето на рускиот систем С-400.

„Турција е значаен член на НАТО, и ниту еден од нашите сојузници не го покрена ова прашање, и сите ние многу добро знаеме дека сме зависни еден од друг“, рече Столтенберг.

Во исто време, тој ја изрази својата вознемиреност во врска со ситуацијата. „Загрижен сум за последиците од одлуката на Турција, бидејќи тоа значи дека Турција нема да биде дел од програмата Ф-35. Тоа не е добро, тоа е лошо за сите нас „, беше отворен тој.

САД одлучија да ја исклучат Турција од програмата за новиот авион Ф-35 откако Анкара ги купи руските ракетни системи С-400.

Во исто време, Столтенберг ја истакна и улогата на Турција во НАТО: „Соработката со Турција е подлабока и поширока од Ф-35. Тоа е важното „, рече тој, истакнувајќи дека во Сирија терористичката група „Исламска држава“ беше поразена „благодарение на соработката на Турција“.

„Ние ги користиме базите, инфраструктурата и Турција игра клучна улога во оваа борба“, рече уште Столтенберг, осврнувајќи се на турските мисии и операции во Косово и во Авганистан.

„Моја одговорност е да се обидам да се реши проблемот. Но, додека не се реши, ние треба да ги минимизираме последиците „, истакна Столтенберг.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO