Продлабочување на билатералните односи, потврда на стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција, енергетските прашања и турските активности во Медитеранот беа темите дискутирани од американскиот државен секретар Мајк Помпео и грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на нивната средба во Вашингтон.

„Грција е столб на стабилността во Источниот Медитеран и Балканот и е важен партнер на НАТО. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да работиме заедно за да промовираме стабилност и напредок во регионот, објави Помпео на својот Твитер профил кратко време по средбата.

Портпаролката на Стејт департментот, Морган Отагус, рече дека средбата ја потврди важноста на односите меѓу САД и Грција. Помпео ја пофали Грција за нејзиниот напредок во енергетските проекти и за проширување на регионалната поврзаност. Двете страни исто така ја потврдија нивната заедничка заложба за верска слобода.

Една од темите на средбата беше стратешкиот дијалог меѓу двете земји, објавен во декември 2018 година, и Дендиас го покани Помпео да учествува во втората фаза во Атина.

„Сите знаеме дека блиските односи со Грција – САД имаат долг живот, но особено е важно овие односи да се прошируваат и продлабочуваат континуирано. Разговаравме за стратешкиот дијалог помеѓу двете земји за продлабочување на овој дијалог и покривање на тоа со други теми. Го поканив и Помпео да дојде во Атина за втората фаза од дијалогот. Американската страна ќе ја разгледа позитивно поканата и е многу веројатно посетата да се случи наесен „, рече грчкиот министер за надворешни работи, за новинарите веднаш по средбата.

Помпео засегнал различни теми со фокус на турските провокации, суверените права на Кипар и Грција во Егејското Море, и ситуацијата во источниот Медитеран.

Што се однесува до провокациите на Турција, министерот за надворешни работи на Грција ги замоли САД да имаат јасна позиција, „јасна поддршка за Грција“, Во текот на дводневната посета Никос Дендиас се сретна и со советникот за национална безбедност Џон Болтон.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO