Британецот Матео Бруни ќе биде новиот портпарол на Ватикан. Тој работи во пресцентарот на Светата столица од 2013 година. На овој пост, тој ќе го замени Алесандро Гисоти кој времено ја исполнуваше оваа должност.

„Пресцентарот има нов директор – Матео Бруни, кој совршено знае како работиме. Неговите вештини и професионализам беа одлично ценети од неговите колеги „, рече Паоло Руфини, кој е директор на Одделот за односи со јавноста и медиумите на Ватикан.

42-годишниот Бруни изјави дека назначувањето е „чест“ за него и му е благодарен на Светиот Отец за изгласаната доверба. „Прес-центарот не е голема структура, но е доста комплицирана“, додаде тој.

Бруни има сопруга и ќерка. Тој одржува блиски врски со влијателната католичка добротворна организација „Сант Егидио“, со седиште во Рим.

Портпаролот на папата веројатно е една од најпосакуваните ПР активности во светот, но во последниве години портпаролот треба да се справи со сериозни проблеми. Едниот е поврзан со сексуалните скандали со свештеници обвинети за насилство врз деца. Овие откритија сериозно го погодија авторитетот на Римокатоличката црква.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO