Јувентус официјално го објави на својата веб-страница привлекувањето на дефанзивецот на Ајакс Матејс де Лихт. Клубот постигна договор со 19-годишниот фудбалер за пет сезони – до летото 2024 година.

Износот на трансферот изнесува 75 милиони евра и може да се зголеми за уште 10,5 милиони имајќи ги во предвид бонусите. Де Лихт станува најплатениот дефанзивен играч во Серија А со годишна плата од 12 милиони евра. Тој произлегува од фудбалската школа на Ајакс, неговиот договор со холандскиот клуб беше до 2021 година.

Де Лихт ја импресионираше цела Европа со своите настапи за Ајакс, особено во Лигата на шампионите минатата сезона, кога со капитенската лента го донесе тимот до полуфиналето на најпрестижниот европски турнир. Интерес за него, исто така, пројавуваа Барселона и ПСЖ, но на крајот ја одбра понудата на Јуве.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO