Белград е подготвен да го возобнови дијалогот со Приштина во секој еден момент, изјави за новинарите српската премиерка, г-ѓа Ана Брнабиќ.

„Подготвени сме буквално во кој и да е ден да се вратиме на преговарачката маса и да го продолжиме дијалогот. Тоа е единствениот начин да ја поддржуваме стабилноста во Косово и Метохија, за да живат луѓето во мир. Се надеваме дека лидерите во Приштина ќе го слушнат својот народ и ќе имаат политичка храброст и одговорност да ја донесат најдобра одлука „, рече Брнабиќ.

Белград во неколку наврати изјави дека е подготвен да продолжи со дијалогот со Косово откако Приштина ќе ги укине 100-процентните царини за српската стока.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO