Не сакам да шпекулирам и не верувам дека Бугарија е вмешана во овој кривичен случај. Ова го изјави македонскиот премиер Зоран Заев во врска со истрагата и судските процеси против македонскиот олигарх Јордан / Орце / Камчев.

„Бугарија е наш пријател. Бугарија е голем пријател и е една од првите што се бори за интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО. Тоа на секаков начин беше докажано од премиерот Бојко Борисов и бугарската држава. По никаков начин не би си дозволил да шпекулирам дали некоја странска земја е вмешана во внатрешен случај. Треба да го прашате обвинителството за ова прашање. Треба да прашате тој бизнисмен да ви каже „, истакна македонскиот премиер и категорично негираше „странска држава да го информира за вакви криминални случаи „.

ТАТКОВИНА потсетува дека во одредени македонски медиуми се појавија публикации дека Бугарија се вмешала во заштита на Камчев, кој е под истрага за перење пари, учество во организирана криминална група, нелегално финансирање на партијата на поранешниот премиер Никола Груевски и други тешки криминали.

Македонското обвинителство откри дека Камчев имал бугарски пасош, кој му бил одземен. Од судските решенија и документи, станува јасно дека тој има бројни фирми и недвижен имот во Бугарија, вклучително и живеалиште на негово име.

Камчев и поранешниот шеф на службите Сашо Мијалков беа уапсени од македонските власти во ноември 2018 година и пуштени во домашен притвор малку пред Нова година.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO