Питер Ванхојте, белгиски екпсерт кој беше ангажиран од ЕУ во процесот на преговори и склучување на договорите од Пржино реагираше со статус на ФБ за случувањата поврзани со Специјалното јавно обивинителство. Тој беше дел од процесот на договарање на СЈО и избор на Катица Јанева.

„Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова одеднаш доаѓа на површина? Кој стои зад ова? Дали Катица Јанева допре до одредени луѓе кои се веруваа дека се недопирливи и над законот? Како одговор на прашањето “кој има интерес за тоа да се случи”, можев да дадам долга листа со имиња, но тоа нема да и помогне на земјата напред. Сепак, едно е јасно: Политичарите целосно ја збркаа работата. Наместо да се гарантира непристрасна и независна правда, политичарите од сите партии продолжија со своите лични борби и ја заборавија важноста на правилното спроведување на основните демократски принципи, како што се поделбата на власта и потребата за независно судство“, пишува Вајхојте.

„Тоа е товарот од минатото, но никој никогаш не треба да заборави што се случило и да се осигура дека оние што биле вклучени во него, вклучувајќи го и г-дин Груевски, се правилно гонети и осудени. И ЕУ и г-дин Орбан треба да бидат свесни дека не може да му се даде право на азил, а во исто време да побара од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото. Значи, да го исправиме и ова!“, порачува Ванхојте.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO