Скандалозниот македонски олигарх Јордан Камчев, кој е под истрага за перење пари, има бугарско државјанство.

„Бизнисменот“ беше еден од најблиските на кланот на Никола Груевски – Сашо Мијалков, кои во текот на 10 години ја управуваа Македонија со железна рака, го контролираа секој аспект од животот во земјата. Меѓу многуте бизниси Орце, како што е познат Камчев, контролираше медиуми, кои спроведуваа активна антибугарска кампања воююпо волја на Груевски, кој избега во багажник на автомобил и во моментов се крие во Унгарија.

Камчев заедно со поранешниот премиер Груевски и поранешниот директор на Службата за безбедност Мијалков освен за перење пари, се под истрага и уште за злоупотреба на службената положба и организирана криминална група. Исто така, олигархот е под истрага и за нелегално финансирање на партијата на Груевски со над 250.000 евра.

Од судските решенија и документи, станува јасно дека истражните органи му ги одземале македонските лични документи, но и бугарскиот пасош при апсењето на Камчев. Исто така е јасно дека има многу компании и недвижен имот во Бугарија, вклучително и дом на лично име.

Откритијата доаѓаат само неколку дена по оставката на Катица Јанева од функцијата шеф на специјалното обвинителство. Нејзиното повлекувањето дојде откако стана јасно дека нејзини блиски сакале пари од обвинетите за ублажување на нивните казни, вклучително и нивно оправдување. Меѓу притворените е сопственикот на 1ТВ Бојан Јовановски.

Камчев и поранешниот шеф на службите беа уапсени од страна на македонските власти во ноември 2018 година и беа ставени во домашен притвор пред Нова година.

На 13 април 2018 година бугарската амбасада во Скопје испратила нота до македонското Министерство за надворешни работи со барање Камчев да биде почесен конзул на Бугарија во Македонија со седиште во Штип. Во нотата се истакнува дека е „голема чест за Бугарија“ да отвори почесен конзулат во Штип и да го назначи на овој пост Камчев. Досега властите во Скопје не одговориле на ова барање, кое може да се прифати како молчалив отказ.

Според македонските медиуми Бугарија „се вмешала да го спаси Камчев“, кого го дефинираат како најголемиот мафијаш и криминалец во земјата.

Извор: БГНЕС

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO