Манчестер Јунајтед нема да го продаде Пол Погба, ако Реал не побрза со трансферот на играчот од средниот ред до 8 август. На тој датум, се затвора трансферот за англиските клубови, а после таа дата Јунајтед ќе може само да продава без да купува.

Во Ла Лига, тимовите можат да привлекуваат нови играчи до 2 септември, а шпекулациите за иднината на Погба може да изобилуваат до почетокот на сезоната на Премиер лигата. Поради оваа причина „црвените ѓаволи“ одлучиле не само да не ја намалат декларираната цена од 150 милиони фунти, но и да постават краен датум, по која Погба не ќе можеше да го напушти „Олд Трафорд“, без разлика од предложената сума. Значи Реал има можност да ги купи правата на Французинот до 8-ми август. Шпанскиот гигант меѓутоа потроши 300 милиони евра за нови играчи во текот на летото и има потреба од средства. Клубот сака да се избави од неколку играчи, меѓу нив Герет Бејл и Хамес Родригез кои не влегуваат во плановите на Зинедин Зидан за новата сезона.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO