Претседателот на Албанија Илир Мета на свечена церемонија во Венеција ја доби наградата Златен лав.

Наградата е доделена за придонес во поттикнувањето на демократијата и политичкиот плурализам, зајакнување на мирот и стабилноста на Балканот, за поттикнување на религиозната толеранција и развој на албанско-италијанските односи.

Наградата беше доделена од локалната власт на Венеција.

Во својот говор, претседателот Мета истакна дека наградата е симбол на уникатните пријателски врски меѓу Албанија и Италија.

„Оваа награда е посветена пред се на граѓаните на Албанија, особено на Албанците во Италија и нивните семејства. Ова е награда за илјадници Италијанци кои долго време живеат и работат во Албанија. Оваа награда е симбол на пријателството меѓу Италија и Албанија, кое е уникатно и неразделно „, рече претседателот.

Тој истакна дека добиената награда е и за неговото семејство, за поддршката и љубовта, кои овозможиле да работи „секој ден упорно и спокојно“.

„Оваа награда е посветена на сите умерени лидери во регионот кои, благодарение на нивната зрелост и дијалог, ги доближија балканските земји, кои носеа само војни и кризи, поблиску до Европа“, рече Илир Мета.

Наградата е основана пред 71 години.

Илир Мета е носител на наградата „Светски политички лидер за 2018 година“, доделена од Фондацијата ʺФуедусʺ за „поттикнување и зајакнување на односите и пријателството меѓу Албанија и Италија“.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO