Српската православна црква / СПЦ / не се занимава со вероисповед. Таа се обидува да ги претвори верниците во заштитници на српските национални интереси. Многу често тоа станува на еден бесцеремонијален начин, при брутално нарушување на правната држава. Таа се меша и во стратешките правци на црногорската државна политика.

Ова го изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во интервју за РТЦГ. Според него СПЦ е главен виновник за поделбата меѓу православните граѓани во републиката. Ѓукановиќ е убеден дека „поделбата може да биде надмината само преку создавањето на автокефална црногорска црква, која ќе ги отвори вратите за сите православни“.

„Сакам да помогнам да излеземе од овој длабок раскол меѓу православните во Црна Гора … Нема никакво сомневање дека имало автокефална црногорска црква, која е создадена од Иван Црнојевиќ и за тоа има многу историски документи … Автокефалната црногорска црква ја има својата историја и традиции „, рече Ѓукановиќ и истакна: И државата не беше возобновена за една година. Така ќе се случи и со црквата. „Треба да се подготви добра стратегија. Лично немам никакво сомнение за исходот од оваа битка. Нема никакво сомневање дека Црна Гора ќе има своја автокефална црква“, истакна уште Мило Ѓукановиќ.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO