Претседателот на парламентарниот комитет за Косово, Милован Дрецун, ги обвини бугарските разузнавачи за дестабилизација на регионот. Ова е уште една скандалозна изјава против Бугарија во последните десет дена.

Во интервју за весникот „Курир“ Дрецун вели дека „пред два месеци во Скопје е формиран моќен разузнавачки тим кој работи прикриено во една голема западноевропска фабрика за автомобили“. „Неговата цел е да биде блокирано постигнувањето на компромисно решение меѓу Белград и Приштина. Во овој тим работат разузнавачи од Бугарија, Северна Македонија, Германија и Албанија“, тврди уште Дрецун, кој се смета за еден од најблиските на претседателот Александар Вучиќ и Министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

„Во одделни соседни држави се води моќна кампања против постигнување на какво и да е компромисно решение меѓу Белград и Приштина. Скопје се претвора во моќен разузнавачки центар за работа против државните интереси на Србија“, вели уште Милован Дрецун и додава: „Секое компромисно решение е главен стабилизирачки столб во регионот. Недостатокот на компромис меѓу Белград и Приштина е подготовка за нови судири во регионот и создавање на „Голема Албанија“.

Тој тврди дека „македонските власти треба да одговорат каква е целта на овој разузнавачки тим, што целосно и наштетува во Србија“. „Што може да направат освен да собираат информации и да шират дезинформации. Овој тим нема за цел да ги штити нашите интереси, а да работи против нив. Тоа никако не е безопасно. Можат да направат некоја медиумска и политичка диверзија и да предизвикаат дури и судири “ кажа уште Дрецун.

Пред само една недела Дачиќ направи скандалозни изјави за Бугарија и премиерот Бојко Борисов повторно за косовското прашање. Подоцна тој ги обвини медиумите за скандалот. Борисов го повика Дачиќ јавно да се извини.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO