Албанија се наоѓа во ситуација на „лудост“ и „анти-уставност“. Ова го изјави познатиот албански научник и поранешен министер за надворешни работи, професорот Бесник Мустафај.

„Државата се сруши, власта е на колена. Ситуацијата е анти-уставна. Нашата економија е во криза кое ќе биде потврдено од националната статистика. Кога не функционира економијата, кога нема владеење на правото, тогаш каква е ситуацијата? Се разбира, луда“, рече тој.

Мустафај, исто така, ја коментираше проблематичната ситуација со откажаните и истовремено одржани локални избори на 30-ти јуни. Според него, екстремно нискиот одѕив од околу 21,6 отсто е јасен сигнал до владата на премиерот Еди Рама. Оваа ниска активност практично ја „делегитимираше“ власта, рече Мустафај.

„Се наоѓаме во услови кога опозицијата суштествува само на улицата каде што може да води политика. Единственото место каде што таа може да прави политика се протестите. Управувањето стана нелегитимно. Оваа власт докажа дека може да краде и од себе си. Опозицијата постигна победа и сега треба да ја капитализира политички „, рече поранешниот министер за надворешни работи.

Веќе неколку месеци, Албанија беше потресена со протести против премиерот Еди Рама и неговата Социјалистичка партија. Тие се организирани од страна на Лулзим Баша и главната опозициска Демократска партија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO