Тимот на Атлетико Мадрид планира да поднесе официјална жалба до ФИФА за трансферот на нивниот најдобар стрелец Антоан Гризман во Барселона. Вчера францускиот репрезентативец официјално се пресели на Камп Ноу откако Каталонците ја платиј клаузулата за откуп во неговиот договор со Атлетико во вредност од 120 милиони евра. Од Атлетик меѓутоа тврдат дека договорот помеѓу Гризман и Барселона бил направен порано кога оваа клаузула изнесувала 200 милиони евра, но каталонците чекале на почетокот од јули кога таа според договорот требало да биде значително намалена.

„Атлетико Мадрид верува дека прекинувањето на договорот со Грозман настапиоло пред крајот на минатата сезона“, се вели во соопштението на клубот. Раководството на Атлетико е решено да стори сé за да ги бара своите права, а според местното издание АС, клубот ќе поднесе формална жалба до ФИФА. Од мадридскиот тим или ќе бараат плаќање на почетната клаузула за откуп или сериозна казна за Гризман и Барселона.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO