Цените на нафтата го достигнаа максимумот поради евакуацијата на платформите во Мексикански Залив поради невремето, како и поради зголемените тензии со британскиот танкер. Цената на северноамериканската нафта „брент“ е зголемена за 40 центи и се продава за 67,41 долар за барел.

Во исто време, американската „лесна“ нафта поскапи за 33 центи и се продава за 60,76 долари.

Зголемувањето на цената на нафтата е и поради падот на резерви во САД. Според податоците на американската Управа за енергетски информации од 5 јули резервите во САД се намалени за 9,5 милиони барели, што е значителен пад во однос на предвидувањата на аналитичарите, кои прогнозираа пад од 3,1 милиони барели.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO