Германскиот автомобилски гигант Фолксваген земал решение да изгради своја фабрика во Турција. Ова го тврди германското специјализирано издание „Аутомобилвохе“, цитирано од Ројтерс. Фолксваген сеуште не ја потврдил информацијата.

Решението е земено на вчерашната средба на Надзорниот одбор на германскиот производител на автомобили. Се претпоставува дека новата фабрика за 1,3 милијарди долари ќе биде лоцирана во Измир. Една од причините да биде избрана Турција е тоа што таа е подготвена да даде голема финансиска помош за изградба на новата фабрика.

„Аутомобилвохе“ потсетува дека со месеци „Фолксваген“ се обидуваше да донесе решение во врска со новиот погон. Првично во списокот фигурираа неколку земји, но конечно на финаланата линија останаа само Турција и Бугарија, чија предност е членството во Европската унија.

Главниот извршен директор на „Фолксваген“ Херберт Дијс лично се вклучи во проектот и неодамна ја посети Турција, Бугарија и Виена, за да разговара со инвеститорите за Бугарија, додава весникот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO