Тропска бура со поројни дождови предизвика поплави на голем број улици, при што е парализиран сообраќајот во Њу Орлеанс, а метереолозите најавуваат нови врнежи. Градоначалничката на Њу Орлеанс, Латоја Кантрел изјави дека за три часа во градот паднале 21,3 сантиметри дожд и прогласи вонредна состојба.

Локалните власти ги предупредија граѓаните да останат во своите домови, да проверат дали имаат намирници за следните три дена и дали се чисти канализациските системи. Водостојот на реката Мисисипи би можел да се зголеми до 6,1 метар.

По јужниот дел на Луизијана долж реките се поставуваат кеси со песок.

Во Тексас се мобилизирани неколку служби поради поројниот дожд што се очекува.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO