Шестмина луѓе загинале во средата вечер на полуостровот Халкидики во текот на многу големото невреме што го погоди северот на Грција, јавуваат грчките медиуми. Полицијата ја потврди смртта на три лица, додека двете други жртви биле пронајдени од пожарникарите.

Починал 39-годишен руски државјанин и неговиот двегодишен син, убиен од едно дрво што паднало врз нив. Врз една 54-годишна романска туристка паднал покривот на ресторант, а 8-годишно дете, исто така од Романија, загина во истата таверна.

Лошите временски услови се покажаа смртоносни за една постара двојка од Чешка, чиј туристички караван беше превртен од турбулентниот ветер.

Грчката бродска служба го прогласи за исчезнат еден рибар на море со својот брод.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO