Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Лондон во име на Северна Македонија ја потпиша Глобалната заложба за слобода на медиумите: „Учесниците на конференцијата се обврзаа да зборуваат и да дејствуваат заедно, формирајќи Коалиција за слобода на медиумите за поддршка и истакнување на фундаменталната важност на слободата на медиумите за безбедноста, просперитетот и благосостојбата на сите општества, во здружување на напорите за споделување информации и преземање дејства кога новинарите и медиумските организации ќе бидат изложени на ризик, како и во разоткривање на кршењето и злоупотребите на слободата на медиумите и нивното споделување со глобалната јавност и промовирањето одговорност на овој план“, соопшти МНР.

Воедно земјите се обврзуваат и заедно да интервенираат на највисоко ниво со владите на земјите каде што слободата на медиумите е во опасност, и да покажат солидарност со земјите кои работат на градење медиумски слободи.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO