„Амбасадата не коментира активности на приватни лица, особено не шеги на комичари“, гласи краткото соопштение од амбасадата на Руската Федерација во Македонија, откако дел од медиумите побарале коментар за разговорите кои синоќа на Јутуб ги објавија руски комичари. Станува збор за инцидентот во кој двајца руски комичари водел телефонски разговори со премиерот Зоран Заев и му се претставувале како украинскиот претседател Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Премиерот Заев пак, во коментар за оваа ситуација, истакна дека тој е жртва на измама на добро организирана структура што работи против земјите кои се залагаат за евроинтеграции.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO