Европската униjа се бави сама со себе, со внатрешната архитектура, но Европската унија мора да знае дека ние сме на Балканот генерално 30 години во транзиција и ние мораме да видиме, ама навистина, мораме да видиме светло на крајот на тунелот, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за Телевизија Н1.

Сите во земјата се малку разочарани од двојното говорење на Европската унија како целина, смета Пендаровски и рече, дека и покрај најавите дека Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори, тоа не се оствари:

„Ние сме уверувани од највисоките германски официјални лица дека тоа е само техничко одлагање на процесот и ние тоа го прифаќаме и ќе чекаме на септемвриската одлука на германскиот Бундестаг и на октомвриската на целата Европска унија. Меѓутоа, го поставуваме прашањето – што ако во меѓувреме некој друг Парламент исто, од технички причини, го одолговлече процесот, бидејќи таму имате одлучување на принцип на консензус. Една држава е доволно да каже не и ние имаме повторно одлагање“, рече Пендаровски.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO