После секоја политичка крупна одлука во овие две земји на човек може само да му се изнуди насмевка.Ништо во овие две земји неможе да изненади доколку ви е познат менталитетот на овие два народа.

Колку подобро ги познавате овие две земји ,толку повеќе ќе ве фрапира нивната сличност. Во Северна Македонија владее подобра константа на менталитетот заради малата територија за разлика од Грција заради само големината на територијата и надворешните политичко-економски приоритети.

Се работи и за далеку постара земја од Северна Македонија и со многу подобри изградени институции.Посебно судствтото. Другото е разлика само во нијанси. Да во Грција има Понди ,а во Северна Македонија, албанци.И во Грција ги има блиску до 1 милион.Власите се универзални и во двете земји се исти.Тотално по менталитет две Југоисточно Балкански ,Медитерански земји не само по географијата туку и по менталитет.

Затоа и можеби во изминатите 2-3 века двете држави се нај многу тепани,убивани,затворани,та дури и развиваат непријателство меѓу себе за да ги одгледуваат стереотипите на Балканот.Двете земји имале повеќе непријатели внатре во нивните држави отколку било кои на Балканот. Фанариоти,фашисти,Сталинисти,сробофили,бугарофили,туркофили,комунисти и останати внатрешни непријатели да кланицата во двете земји во зависност од временскиот период добро се тепале помеѓу себе.И внатре повеќе отколку со соседите.

И двете земји имаат закана од соседите ,а посебно од Турција и Албанија(Повеќе од” Голема албанија” не од Република Албанија).Грците се бореле со турците со посредство на Британија ,а пак Скопје секогаш се борело имагинарно со “Голема Албанија” со посредство на Белград.Скопје се борело и идеолошки со Грција со помош на Русија ,а пак Грција против “бугарите” па идеолошките сталинисти Македонците.Сите судири на Грција со Бугарија на териториите на Македонија и Тракија се доволно за нас познати ама и не познати.Ова се дел од мислењето на населението.Овој пат само опишувам и не мислам по ова ништо. Замислете дека во втората светска војна во директни судари само на Крит со Германците ,загинале исто толку колку и во Северна Македонија ,зборувам за директни судари и го одземам погромот на евреите.

Крит има лоши искуства во 2 св.војна. Кирјакос Мицотакис го носи истото име на таткот на Елефтерос Венизелос,Кирјакос Венизелос.По потекло се од едно село кај Ханија познато по историски настани и личности..Селото се вика Халепа.Во тоа село се родени многу грчки политичари како и за нас познатиот Генерал Грилакис.. Името Кирјакос значи Неделко. Со таткото на нашиот Неделко (Кирјакос) ,Константин сум имал 3 средби. Една на барање на Грилакис,првата средба,заради запознавање на “Скопјаните”. Втората средба беше по желба на Мицотакис и третата средба беше веројатно за простување и неговото повлекување од активната политика.

Детали од овие средби-НЕМАМ .Ако ме прашате заради временската мала дистанца од тие средби. Веројатно дека на Балканот мала дистанца во политиката се сметаат 25-30 години заради што работите може уште да се тековни и доколку за нив се зборува,кој ли знае ,може да имплицира во денешницата. Не,Константин Мицотакис немаше идеја ниту желба да ја дели Северна Македонија со Милошевиќ.Тоа го договараше Самарас.Еден политичар,сериозен и искусен како Мицотакис ,доколку го познававте ќе знаевте дека во таква Византиска агенда ни на крај памет не би влегол. Критјаните одгледуваат посебна аверзија кон Византиските политики на “крајот на денот”.

Мицотакис разговараше со Србија како и сите западни политичари,а за разлика од нив ,тој дури и појде на Пале во Сараево.И од тогаш доби една идеја, да “границата на Грција завршува во Куманово”.Потоа редоследот на нештата ви е познат.Скопје имаше релации такви со Атина да 2/3 од светските дипломати прашуваја- Аxa,така ли сте вие “непријатели”?! Tекстот го посветувам на знајни и незнајни македонци и грци,кои работеа за мир и добробит на двете земји.

Колку тоа нека звучи лошо по читателите но мирот и соседството треба секогаш да се градат,а тоа секогаш и не е лесно.Посебно во тие години на владеењето на Милошевиќ.

Нема имиња м? Па нормално е дека нема. Имињата ќе ги добиете веројатно по декади.И како што во шега зборуваја странските допломати-“ Аха,а така ли вие сте непријатели со Атина”! Ами да, си бевме најдобри, најдобри, непријатели.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO