Белорусија речиси ги исполни условите за заем на 600 милиони долари од Кина кој ќе биде искористен за исплаќање на долговите на Русија. Министерството за финансии соопшти дека планирале да земат уште еден заем од Русија, но нашле алтернатива со нивните кинески партнери.

Министерот за финансии Максим Ермалович претходно изјави дека властите сакаат да позајмат пари од друга земја, а не од Русија поради разликите во билатералните односи. Русија со години и дава заеми на Белорусија, која се уште и должи многу пари на земјата.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO