Над 100 луѓе се повредени во земјотрес во југозападен Иран. Во земјотресот со јачина од 5,7 степени биле оштетени згради. Во местото Масџид Солејман биле повредени 112 луѓе, од кои седум се задржани во болница, а еден постар човек умрел од инфаркт за време на потресот, пренесува агенцијата ИЛНА.

Спасувачите ја пребаруваат планинската област околу тоа места, зашто во 15 села во околината живеат околу шест илјади луѓе. На снимките на иранската државна телевизија се гледаа урнатини и оштетени згради. Жителите за новинската агенција Асошиејтед прес изјави дека некои постари згради се урнати.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO