Во рамките на актуелните тензии на релација Белград-Софија, министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ го вмеша и Гоце Делчев.

Имено тој за агенцијата Танјуг дословно го изјави следното: „Како соседна на Бугарија држава сакаме добри, пријателски и сојузнички односи. Тоа значи високо ниво на разбирање на најзначајните интереси на двете држави и двата народа. Како што ние покажуваме разбирање за бугарскиот национален идентитет, јазик или Гоце Делчев, така очекуваме и разбирање во однос на косовското прашање и српскиот народ. Таа изјава на бугарскиот премиер, не се однесува за квотота за риболов или пак за квалитетот на српското сирење при преговорите со ЕУ, а се однесува за територијалниот интегритет на Србија “

Ваквата изјава на Ивица Дачиќ не е за изненадување имајќи ја во предвид иницијативата за преименување на белградската улица Гоце Делчев во маршал Толбухин. Во прилог на оваа иницијатива весник Политика на 14.05.2016 година излезе со публикација под наслов ʺГоце Делчев-херој или антисрбски идеологʺ

Во неа градскиот менаџер Горан Весиќ ја оправдува иницијативата за промена на улицата со ʺ Гоце Делчев е основач и водач на Македонската револуционерна организација и Бугарските Македоно-Одрински револуционерни комитети (БМОРК) и со ништо не ја задолжил Србија ниту Белград со своите дела, а политиката на организацијата со која раководел тој е изразено антисрбскаʺ

Во дискусијата се вклучи и Д-р Александар Животиќ од катедрата по историја на филозовскиот факултет во Белград според кого заслугите на Гоце Делчев и за македонскиот народ се минимални и затоа тоа нема никакво значење за развојот на односите меѓу србскиот и македонскиот народ. Како дополнување тој истакнува дека ʺмакедонците околу сето тоа созадале мит”, а и ʺЛазар Колишевски, еден од водечките македонски комунисти, веднаш после војната изјави дека Делчев бил Бугарин, кој нема никакви посебни заслуги за борбата на македонскиот народʺ.

Тој оценува дека ʺреволуционерната организација водела пробугарска политика и со самото тоа ја третирала Македонија како интегрален дел од бугарскиот национален просторʺ. При тоа ги нагласува и убиствата и атентатите од БМОРК со кои се целело да се минимализира и србското присуство и влијание во Македонија, за кое најодговорен бил Даме Груев близок соработник на Гоце Делчев.

Целата статија во весник Политика може да ја прочитате тука.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO