Раководството на Јувентус и дефанзивецот на Ајакс, Матајс де Лихт, постигнаа договор за личните услови на играчот, според неговиот договорот со бјанконерите, откри агентот на холандскиот репрезентативец Мино Рајола.

Еден од најперспективните дефанзивци на светот, Де Лихт, ги отфрли понудите на Барселона и ПСЖ, за да потпише договор со Јувентус,а  според Скај Спорт, тој ќе добива по 12 милиони евра годишно во торинскиот клуб. Сеуште нема договор меѓу Јувентус и Ајакс за трансферот на 19-годишниот фудбалер, со тоа што холандските шампиони настојуваат за 75 милиони евра, додека Јувентус нуди 55 милиони плус 10 милиони бонуси.

„Матајс се разбра за своите лични услови со Јуве, очекуваме скоро тие да стигнат до договор со Ајакс“, изјави Рајола за холандскиот весник Де Телеграф. „Матајс се надева дека Јувентус и Ајакс ќе покажат желба да излезат од ситуацијата и наскоро да го финализираат договорот“, додаде тој.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO