Тимот на Аргентина го надигра Чиле со 2: 1 во двобој за третото место на турнирот Копа Америка на Арена Коринтијанс. „Албиселесте“ добро го започна натпреварот и уште во 12 минута Серхио Агуеро беше во прегратките на своите соиграчи по асистенција на Лионел Меси.

Десет минути подоцна, Пауло Дибало го удвои водството на воспитаниците на Лионел Скалони, а за голот асистираше Џовани Ло Селсо. На крајот од првиот дел и двете екипи останаа со играч помалку по директните црвени картони на Меси и Гери Медел.

Одлуката за исклучување на аргентинската ѕвезда од страна на Парагвајскиот главен судија Марио Дијаз де Вивар предизвика збунетост кај сите на трибините откако дефанзивецот на Чилеанците иницираше провокација кон Меси, кој се обиде да избегне судир со дефанзивецот. Ова е негов втор црвен картон за националниот тим по дебито во 2005 година против Унгарија.

Во вториот дел, играчите на Реинолдо Руеда се вратија во натпреварот по реализирањето на пенал од Артуро Видал. До крајот, Чиле немаше сили за повеќе, па Аргентина се поздрави со третото место на овогодинешната Копа Америка. На тој начин тимот на Скалони се реваншираше за поразите од ривалот во последните две финалиња на турнирот. Денес е финалето во кое се среќаваат домаќинот Бразил и Перу , а натпреварот започнува во 22 часот по македонско време.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO