7 јули е Европскиот ден на чоколадото. Датумот е избран бидејќи точно на тој ден во 1550 година е испорачана првата чоколада од Америка за Шпанија. Ацтеките ги нарекувале зрната од какао „храна за боговите“ и ги користеле како платежно средство. Чоколадото е една од најпопуларните храни и веројатноста некогаш да излезе од мода е нула. Најновите истражувања ја потврдуваат користа од слаткото искушение за здравјето.

Австралиските научници ги потврдија придобивките од чоколадата против висок крвен притисок. Нивната анализа на 15 студии покажала дека едно парче чоколада дневно го има истиот ефект врз крвниот притисок како половина час тренинг. Чоколадото, а особено темното, содржи хемикалии познати како флаваноли. Тие ги прошируваат крвните садови во телото, го олеснуваат протокот на крв низ нив и го намалуваат притисокот.

Дневната потрошувачка на мали количини чоколада штити од срцев удар и мозочен удар. Најполезна е црната чоколада. Црното чоколадо со висок процент високомаслено какао, што е здравата суровина во чоколадото, содржи и многу магнезиум, што се одразува добро и на мозочната активност. Затоа блокче црна чоколада попладне може да биде одлична алатка против менталниот и физичката замор кои не фаќаат во тоа време од денот. Го зголемува шеќерот во крвта и го оживува умот. Според современите статистики, во текот на својот живот, еден човек троши просечно околу 10.000 чоколадни блокови.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO