Бугарија го зазема едно од првите места по број на пчелни сандаци, одгледувани по методите на органското земјоделство во ЕУ. Ова го изјави заменик-министерот за земјоделство, храна и шумарство д-р Лозана Василева при откривањете на биопазар во Бургас, соопштија од Министерството,. „Ние сме најголемиот светски производител на органско розово и лавандово масло“, додаде таа. Д-р Василева беше категорична дека за растот на секторот во земјата придонесува и потпомагањето на биопроизводството по Програмата за рурален развој (ПРСР 2014 – 2020 г).

„Биопроизводителите имаат голем интерес, како кон мерката за „Органско земјоделство“, така и кон реализирање на проекти за инвестиции за мерките од Програмата“, рече таа. Лозана Василева информира дека за територијата на Област Бургас се склучени вкупно 58 договори за ПРСР за потпомагање на биолошки производители, на вредност од 5.7 милиони евра.

На настанот, повеќе од 20 производители го презентираа своето производство. Меѓу продуктите кои гостите на пазарот можеа да видат и пробаат беа: сушени домати со маслиново масло, пчелен мед, етерични масла, биовина, био сирења и млечни производи, тинктура од смокви, сокови од био цреши, јаболка и бугарска роза, како и свежо овошје, зеленчук и други.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO