Напаѓачот на Пари Сен Жермен Килиан Мбапе нема да го смени својот тим за време на летниот трансферен период. 20-годишниот Французин на Твитер изјави дека ќе остане во ПСЖ уште една сезона.

Француските медиуми овие денови пишуваа дека парижаните се подготвени да прифатат предлог за францускиот репрезентативец, ако тој е од редот на 230-250 милиони евра. Интерес кон Мбапе пројавува Реал Мадрид. Напаѓачот се пресели во ПСЖ од Монако во летото 2017 година под наем, а една година подоцна клубот од главниот град ги откупи неговите права за 135 милиони евра. Минатата сезона Мбапе учествуваше во 43 натпревари во кои постигна 39 гола и асистираше за 17. Неговиот договор со ПСЖ е до летото 2022 година.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO