
Одморот во соседна Грција ќе чини поскапо отколку минатата година. Грците драстично качија некои од цените, па така, кафето и пијалаците во просек чинат 1 евро повеќе отколку во 2017 година.
Во Олимпискиот регион половина литар домашно грчко пиво чини во просек околу 3,5 евра, а увозните до 4,75 евра.
Цените во рестораните, исто така, се поскапи за 1,5 евро и споредба со податоците од 2017 година. За оброк во просечен ресторан ќе платите најмалку 8 евра. 2,5 евра е гиро, сувлаки 2,90 – евра, тиропита – 2,5 евра итн.
Цената за лежалка е обично 5 евра (северна Грција и островите Додеканези), додека на Кикладите е многу скапо и се движи до 120 евра во Миконос.
