Легендата на Јувентус Џанлуиџи Буфон сигурно ќе се врати во Торино, соопштуваат медиумите во Италија. Во последните неколку дена „бјанконерите“ постигнале договор со голманот, чиј договор ќе биде до крајот на следното лето. Потоа се очекува Буфон да се откаже, но, најверојатно, ќе остане во клубот.

Во Италија сметаат дека Буфон сигурно ќе добие некаква улога во клубот, откако ќе ги закачи ракавиците, но сеуште не е јасно каква. Се очекува наскоро да се соопшти враќањето на поранешниот италијански репрезентативец. На него му требаат само 7 натпревари, за да го израмни постигнувањето на Паоло Малдини за најмногу натпревари во Серија „А“ (647).

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO