Симон Георгиев Илиев од селото Јаболци, Скопско – „Биографија, записник, Жалба“, публикувано во „Илинденски сведоштва“, Том II, дел 2, Скопје, 2016 г.

Опис: На 13 октомври 1949 г. долгогодишниот курир и четник на војводите Даме Мартинов, Васил Аџаларски и Атанас Бабата – Симон Георгиев Илиев подава молба за илинденска пензија до Президиумот на Народното собрание на Н.Р.М. Скопје и властите на Југославија.

Молбата е отфрлена от властите, веројатно поради следните изјави на Диме Панчев Аницин от Велес:
„Лицето Симон Ђорђиев Илиев, кој е роден од село Јаболци, окол. Скопска, го познавам добро.

Познато ми е, дека истиот другар во 1895 година прв истакна бугарска застава на место викано Ђерме зад касарните во Скопје. Јас лично не ја видов заставата, но тогај се говореше во Скопје, дека другарот Симон Ђорђиев ја истакнал заставата бугарска.

Во 1903 година им носеше пушки и муниција на четниците-комитите кој се бореа против Турците, а за ослободување на Македонија.

Друго ништо не знам. Горното го тврдам под морална, материјална и крив. одговорност…“

Извор: Сканирана от оригинален примерок

Автор: Симон Ѓорѓиев Илиев е долгогодишен деец на ВМОРО, курир и четник на војводите Даме Мартинов, Васил Аџаларски и Атанас Бабата.

За да го прочитате текстот во оригинал притиснете тука.

Извор: Библиотека Струмски

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO