Анталија во Турција и Хургада во Египет годинава се топ-дестинациите што во летниот период ќе ги посетат македонските граѓани. Интересот за Грција е помал и традиционално се бараат апартмани или хотели од понизок ранг.

За 20 до 30 % е поголем интересот за одење на одмор во Анталија и во Хургада поради тоа што аранжманите се движат од 400 евра нагоре, а во нив е вклучено сместување во хотел со четири или пет ѕвездички на база „all inclusive“ со вклучен авионски превоз, а исто толкави се и цените на аранжманите во Грција за хотели со три ѕвездички на база полупансион.

 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO