Давид Силва ќе ја носи капитенската лента на Манчестер Сити следната сезона, соопштува ʺМирорʺ. Оваа одлука била донесена од менаџерот на тимот Пеп Гвардиола.

Силва го заменува Винсент Компани, кој ги напушти „граѓаните“ и стана играчки тренер во Андерлехт. Давид Силва, исто така, ќе го напушти Сити, но по крајот на сезоната 2019/20. Шпанецот премина на Етихад во 2010 година од Валенсија за 30 милиони фунти. 33-годишниот фудбалер ја освои четири пати Премиер Лигата, два пати ФА Куп и четири пати Купот на Лига, додека со националниот тим стана светски шампион во 2010 и европски во 2008 и 2012 година со Ла Фуриа Рока.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO