Преку механизмот Instex, создаден од Франција, Велика Британија и Германија, веќе се направени првите финансиски трансакции за трговија со Иран. Тоа беше соопштено од претставници на Европската унија по консултации во Виена за иранската нуклеарна програма.

Задачата на овој Европски финансиски механизам за надворешно-трговски договори е да ги заштити учесниците во договорите со Иран од санкциите од САД. Седиштето на Instex се наоѓа во Париз, на чело со Германецот Пер Фишер.

Во почетната фаза, овој механизам се планира да се користи само за хуманитарни цели и дури потоа може да отвори за бизнис. Дојче веле соопшти дека Instex е по скоро политички сигнал: нема да може целосно да ги надомести загубите од санкциите од САД.

Во исто време, на почетокот од јули, Иран има намера да ги исполни своите закани да се откаже од уште еден дел од своите задолженија согласно нуклеарнииот договор. Според секретарот на Високиот совет за национална безбедност а Иран, Али Шамани, цитиран од новинската агенција Фарс, европските партнери на Техеран не прават доволно за да го спасат нуклеарниот договор.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO