Чешката автомобилска индустрија „Шкода“ ќе изгради фабрика во Бугарија или Турција за производство на автомобили од нејзиниот бренд и на модели на „Фолксваген“, соопшти од компанијата Јарослав Повшик: „Двете земји имаат доста предности. Турција има посолидна инфраструктура, но Бугарија е политички постабилна и е членка на Европската Унија“, изјави Повшик за Радио Прага.

Синдикатот ќе бара одговор од раководството на „Шкода“ дали отворањето на новата фабрика во странство ќе влијание врз бројот на вработените во погоните на компанијата во Чешка и врз нејзините бизнис планови.

За отворањето на погонот на „Шкода“, која е дел од групацијата „Фолксваген“, интерес пројавија повеќе земји во Источна Европа, но како што објавија неколку германски весници минатата недела, во најтесниот круг за изборот останале Бугарија и Турција.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO