Во Македонија има околу 250 000 лица со висок крвен притисок. Половина од нив воопшто и не знаат за тоа. Лицата кои веќе имаат хипертензија и користат редовна терапија во голем број немаат задоволителна регулација на крвниот притисок и тоа е причината за честа посета, не само кај нивниот семеен лекар, туку и кај специјалистите.

Како причина за преглед, хипертензијата е меѓу најчесто наведените причини, пише Плусинфо.“Кај лицата со лесна до умерена форма на хипертензија, се започнува со препораки за промена на животен стил – промена во исхрана и физичка активност“, рече д-р Билјана Герасимовска, нефролог на Универзитетската клиника за нефрологија и претседател на Македонската асоцијација за хипертензија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO