Во регион на нестабилност, ревизионизам и конфронтации, Грција и Северна Македонија на Балканот одново ја донесоа догмата на стабилност, помирување и солидарност како и меѓусебна зависност, рече алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу на брифингот со новинарите во однос активностите во нејзина надлежност во периодот февруари-јуни 2019, јави МИА од Атина. Говорејќи за Договорот од Преспа, алтернативната шефица на грчката дипломатија се осврна на позитивните аспекти и причините зошто смета дека решението меѓу двете земји е особено важен.

Рече дека станува збор за „патриотски договор“ што на мирен и на најдобар можен начин за грчките национални интереси затвора речиси 30-годишен проблем во регионот. “Една друга причина зошто беше важен Договорот од Преспа е, гледајќи што се случува во нашиот регион, особено со Турција, земјата да има неконтролирана северна граница, односно да црна дупка, создаваше опасности за безбедноста на земјата”, рече Анагностопулу.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO