
Интервју на Блумгерг ТВ, Светот е бизнис, 25.06.2019 со Дамјан Манчевски, Министер за информатичка технологија и администрација на Република Северна Македонија.
Доаѓањето на бугарски технолошки компании на пазарот во Северна Македонија се прифаќа исклучително позитивно – се бара бугарската експертиза во секторот, како и во однос на законодавството. Веќе има многу добри примери во овој поглед. Тоа го рече Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија, во емисијата „Светот е бизнис“ со водителот Николај Крстев.
Манчевски посочи дека во последните 2 години Владата во Скопје ги забрза инвестициите во иновации, стартапи и акселераторски програми, но и донесе олеснувања за странски инвеститори.
„Целта е да се подаде рака на младите луѓе и тие да останат во регионот, наместо да се насочат кон Западна Европа“.
Се обидуваме да ги натераме младите да развијат претприемачки дух и да бидат иновативни без речиси никаков ризик, додаде гостинот. Тој појасни дека Северна Македонија има добра соработка со сите соседни земји, како и со САД и Израел.
Европската унија исто така помага за развојот на научните технологии во земјата, коментира Манчевски. Електронскиот регистар на населението, на пример е направен со европски средства, во моментов со такви се развива и новиот национален портал за електронски услуги, додаде тој.
Според Манчевски, Западен Балкан има потенцијал да се претвори во своевиден технолошки центар во Европа, па и нова Скандинавија.
„Регионот пред тоа беше познат по негативизмот. Веќе се повеќе почнуваме да даваме позитивни примери … По отстранувањето на политичките проблеми можностите се огромни „.
Манчевски коментира и за постепено поевтинување на роаминг за земјите од Западен Балкан од 1 јули, а се очекува процесот да заврши во 2021 година.
Наскоро ќе го објавиме и целосното видео од интервјуто.
