Зближувањето на Скопје и Софија и договорот за добрососедство ја поттикна и Грција кон дејствија во поддршка на патот на Северна Македонија кон членство во Европската унија (ЕУ). А всушност, спорот за името имаше пропратна цел Србија прва да започне преговори со ЕУ и да го засили коридорот Белград-Атина. Тоа го коментираше Мирослав Ризински, потпреседател на Бугарски културен клуб – Скопје (БККС), во емисијата „Светот е бизнис“ со водечкиот новинар Ивајло Лаков на Bloomberg TV Bulgaria.

Преговорите на ЕУ со Северна Македонија

„Жртвите направени на патот кон ЕУ, беа значителни – потпишаните договори со Бугарија и Грција, промената на уставното име, реформите во сферата на безбедноста и правниот систем, како резултат на што ЕК даде индикација за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ „.

Незапочването или одложувањето на преговорите ќе ги зајакне националистичките сили во Северна Македонија и праќа лоша порака кон другите земји на Западен Балкан во врска со нивните напори во таа насока, тврди Ризински.

„Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија го потпиша партијата и владата на Зоран Заев. Од самиот почеток ВМРО ДПМНЕ беше против договорот, разделувајќи го општеството на предавници и патриоти. Сега во историската комисија се разговара за толкувањата на настани и личности од историјата, што се наметнати од Југославија. Апсурдното е тоа што најголемиот заштитник на овие толкувања е ВМРО ДПМНЕ „.

Можеби е логична информацијата дека предлогот за заедничко чествување на Гоце Делчев на датумот на кој Софија ги предава моштите на Гоце Делчев, доаѓа од историчар член на ВМРО ДПМНЕ, истакна Мирослав Ризински.

„Тоа е провокација и кон вистината за Македонија. Тоа предавање на моштите е под притисок од Русија. Со него се сака легитимација на решавањето на македонското прашање во границите на Југославија. Тоа е неприфатливо и за Бугарија, и за Северна Македонија „.

Србите продолжуваат со политиката, основана од Слободан Милошевиќ, и покрај апелите за признавањето на независноста на Косово од други политичари, истакна гостинот.

А Бугарија треба да си го постави прашањето: Има ли место за ВМРО ДПМНЕ во ЕНП?

Целото интервjу со Мирослав Ризински на Bloomberg TV Bulgaria може да го погледнете тука.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO