Црна Гора нема намера да земе еден метар туѓа територија, но нема и да дозволи да и ‘се земе тоа што и припаѓа, изјави претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

„Црна Гора не планира да земе ниту еден метар простор од никого, но исто така нема да ги затвора очите и да му дозволи на на никој да го заграби, она што е на државата“, рече Ѓукановиќ на изборна конференција на Демократската партија на социјалистите (ДПС) во Беране, соопштија медиумите во Подгорица.

Ѓукановиќ рече дека нема значење дали некој носи „мантија“ или друга облека – секој треба да ги почитува законите.

„Време е да се разбере дека без разлика дали сте облечени во мантија или костум, треба да бидете подеднакво одговорни пред државата Црна Гора. Треба да испратиме предупредување дека ова е последниот момент тоа да се разбере, за да не не доведат до непријатна ситуација во која Црна Гора ќе мора да го направи неопходното, вклучително и за оние, кои носат мантија „, рече Ѓукановиќ.

Владата на Црна Гора го усвои предлог-законот за слобода на вероисповеста, кој пропишува дека сите верски заедници, вклучително и Српската православна црква (СПЦ), треба да докажат дека пред 1918 година тие биле сопственици на црковниот имот, во спротивно тој ќе им биде одземен.

Црногорската митрополија на СПЦ категорично се спротивстави на ова законско решение и бара тоа да биде повлечено. Оваа недела српскиот претседател Александар Вучиќ побара од црногорската влада да го повлече законот. Подгорица го отфрли барањето на Вучиќ и рече дека „таа не му дозволува на никој“ да влијае врз нејзините одлуки.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO