Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот соопшти по пристигнувањето на Советот на министри на ЕУ во Луксембург дека на Бундестагот му е потребно време да го разгледа извештајот на Европската комисија и да даде „зелено светло“: „Разбирам дека се работи за важни прашања за партнерските земји, но мораме да му дадеме време на Бундестагот. Се надевам на позитивен исход колку е можно побрзо, до октомври“.

Тоj смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле дадените задачи и рече дека во прашање е почеток на долги и тешки преговори, но станува збор за кредибилитетот на ЕУ и стабилизирање на демократијата, владеењето на правото и слободата на медиумите во двете земји кои нема да функционираат без ЕУ.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO