За жал морам да кажам дека новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ господинот Мицкоски го наследил генот за фалсификување од својот претходник претседателот Никола Груевски, пишува поранешниот премиер Љубчо Георгиевски на Феjсбук.

И уште: „Фалсификатите на господинот Груевски направија од Македонците карикатури во светски рамки. За неинформираните само да потсетам дека Драган Богдановски воопшто не беше во салата на 17 јуни а во целата кампања 90-та година се појави точно пет пати со по пет минути говор.

Мицкоски, Груевски и таквите како нив во раководството на ВМРО-ДПМНЕ се одроди од вмровската идеологија.

Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ направи СК Движење за Југославија а Мицкоски за жал е на добар пат да ја зацврсти таа идеологија“, пишува Георгиевски.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO