Претседателот Хасан Рохани соопшти, дека Иран нема да води војна против ниту една држава: „Иран нема да води војна против ниедна земја. Тие на кои им се спротивставуваме се група политичари без посебно искуство. И покрај сите напори на Американците во регионот и нивната желба да ги прекинат нашите врски со светот, нивната желба да го држат Иран изолиран, тие не успеаја“, рече Рохани во телевизиското обраќање до нацијата.

Во мегувреме Пентагон објави дека испраќа околу илјада војници и воена опрема на Блискиот Исток како одговор на „заканата“ од Иран. Вашингтон не сака конфликт со Иран туку сака да ги заштити американските интереси во Персиски Залив.
loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO