Министерката за надворешни работи на Хрватска, Марија Пејчиновиќ Буриќ, член на Советот за општи работи на Европската унија во Луксембург соопшти, дека од одредени причини имало држави кои не се согласиле Северна Македонија и Албанија да почнат преговори овој јуни како што, како што вели таа, било договорено на состаноците минатата година: „Ние се договоривме дека тоа прашање ќе се разгледува повторно овој јуни. За жал не се направи голем напредок, дури и бројот на држави кои имаат одредени забелешки за тоа можно и да се зголеми. Ние секако се заложувавме тие преговори да се отворат со Албанија и со Северна Македонија”, рече Пејчиновиќ Буриќ.

Таа смета, дека земјава имала голем напредок со решавањето на спорот за името со Грција, а Албанија со реформите во правосудството и затоа требало и да бидат наградени.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO