
Бизнисмени од Нусајбин, Турција, в среда, 19 јуни, доаѓаат во Скопје на деловен форум што го организира Стопанската комора Македонија -Турција (МАТТО). На форумот се предвидени Б2Б средби и воспоставување соработка. Турските компании од Нусајбин, провинција што граничи со Сирија, се заинтересирани за партнерства со наши фирми.
Деловниот форум во Скопје е поддржан од Стопанската и индустриска комора на Нусајбин.
До крајот на месецов, МАТТО најавува уште една делегација, од Амасија, црноморски регион. Во оваа делегација ќе доминираат компании од прехранбената индустрија.
